Во Ватикан се надеваат дека ќе ги приближат младите луѓе до Католичката црква со паметната бројаница eRosary наречена “Click To Pray”.
Се работи за електронска бројаница што може да се поврзе со апликација инсталирана на смартфон, која се активира кога корисникот ќе направи знак во форма на крст.
Уредот може да се носи како нараквица направена од 10 монистри од црн ахат и хематит, како и „паметен“ крст во кој се складираат податоците. Откако ќе се активира уредот, корисникот може да побара стандардна, размислувачка или тематска бројаница што ќе се ажурира во текот на целата година. Уредот ја следи молитвата, како и бројот на молитви.
Електронската бројаница е дел од Worldwide Prayer Network мрежата на папата, а дизајнирана како алатка која треба да при учење на молитвата за мир низ целиот свет. Апликацијата содржи персонализирана верска содржина, како и информации за здравствената состојба на корисникот. Нејзината цена е 99 евра.
Иако многумина мислат дека Ватикан не е технолошки напреден, постојат знаци дека Црквата се прилагодува на денешното време. Папата Фрањо има профил на Instagram, Ватикан ја користи апликацијата Telegram за комуникација и слично. Исто така, Ватикан има апликација за iOS уште од 2008 година и не се плаши да експериментира со технологијата.