Претходно оваа година, Apple најави дека ќе лансира нов Mac Pro компјутер. За разлика од дизајнот на “корпа за отпадоци”, новиот Mac Pro е создаден да обезбеди поголема флексибилност кога станува збор за надградбите на компонентите, но исто така има и малку контроверзен дизајн во стил на „ренде за сирење“, заедно со неверојатната цена од 6.000 долари.
Ако ви се допаѓа дизајнот на Mac Pro, но не ви се допаѓа цената (и macOS), можеби ќе ве интересира веста дека производителот на компјутери Dune го најави лансирањето на компјутерот Dune Pro. Ова е речиси идентична копија на дизајнот на куќиштето на новиот Mac Pro, освен што сега можете да го надградите со било што.
Главната разлика е во тоа што Mac Pro има рачка што овозможува брз пристап до внатрешноста на компјутерот, додека Dune Pro тоа го нема, но претпоставуваме дека ова нема да биде проблем за повеќето. Не сме сигурни колку Apple е воодушевен од идејата некој друг да креира куќиште што изгледа како Mac Pro, но ако сте заинтересирани да го купите, можете однапред да го нарачате на Kickstarter на 21 октомври (сè уште нема збор за цените).
Во меѓувреме, можете да го погледнете видеото на PC World, кој успеа да го сними куќиштето (прескокнете до 11 минута).