Гласините за достапниот модел на Galaxy Note10 се појавија уште пред официјално да биде претставена Note10 линијата во август. Сепак, Samsung објави само два уреда во рамките на линијата и многумина веруваа дека нема да се појави трет модел.
Според сигурен извор, Samsung сè уште подготвува поевтин модел на Note10, а јужнокорејската компанија наводно се определила за името Galaxy Note10 Lite. Бројот на моделот е потврден како SM-N770F, но засега нема информации за спецификациите на уредот. Телефонот се очекува да има поддршка за S Pen, имајќи во предвид дека станува збор за уред од Note серијата.
Samsung Galaxy Note10 Lite може да има помал дисплеј и една камера помалку од моделите Note10 и Note10 +, како и помала батерија. Но засега, ова се само претпоставки, сè додека не се појават некои поконкретни информации.