Русинот Д. Разумилов поднел тужба против компанијата Apple, бидејќи тврди дека iPhone го измамил да инсталира од интернет апликација поради која наводно станал – геј.
Тој тврди дека добил уплата од 69 гејкојнови (вид криптовалута) на iPhone-от во 2017 година и според весникот Moscow Times уплатата од непознат корисник дошла со порака – Не осудувај, а да не пробаш.
– Размислив и сфатив – како може нешто да осудувам ако не сум пробал. И одлучив да влезам во сексуална врска со ист пол, пишува во тужбата на Разумилов.
– Заглавив во врска со друг маж и не можам да излезам од неа. Не знам како да им објаснам на родителите. Откако ја добив таа порака мојот живот се промени на лошо и веќе никогаш нема да бидам нормален, пишува во тужбата.
Разумилов бара отштета од Apple од 15.000 долари поради претрпена душевна болка. Судењето се очекува да почне во крајот на октомври.