Компанијата Huawei тврди дека веќе продала милион примероци на телефонот во рамките на Mate 30 линијата (Mate 30 и Mate 30 Pro). Телефоните во Кина се наоѓаат од 26 септември, така што се достапни помалку од една недела, што ова достигнување го прави уште поимпресивно.
Уште поинтересно е дека бројот на продадени телефони всушност е постигнат за неколку часа, како што најави Ричард Ју за време на отворањето на премиум Huawei продавницата во Шенжен. Вклучувајќи ги и онлајн нарачките, Huawei имаше стапка на продажба од 100.000 уреди во минута.
Засега не е можно да се проверат наводите на компанијата, но Huawei доби силна поддршка од својата земја како одговор на наметнатото ембарго од страна на САД.
Forest Green варијантата се чини дека е најпопуларна, и прва е распродадена. Сега се очекува Mate 30 да се појави во Европа, но сè уште нема одреден датум за почеток на продажбата.