Трпението е доблест, но јасно е дека се претвора во исклучително ретка категорија во современото општество. Според едно истражување спроведено над 2.000 возрасни британци, луксузот на современиот живот го земал данокот во однос на трпението кај повеќето луѓе. Притоа, дури 3/4 од испитаниците, сметаат дека таквата состојба се должи на модерните технологии, како смартфоните, компјутерите и сл.
Анкетираните во просек губеле трпение само по 16 секунди чекање за вчитување на веб страница, и по 25 секунди чекање на семафор. Дури 38% од анкетираните губеле трпение додека го следат говорникот и водат белешки на час или состанок. Чекањето пак во редица е посебна приказна. 45% од испитаниците признаваат дека губат трпение доколку треба да чекаат во редица премногу време. На прашањето колку време според нив е „премногу“, повеќе од половината велат дека тоа е 30 секунди.