Роботите се бестрашни истражувачи на нашиот Сончев Систем и физички влегуваат онаму каде што човекот не може, за да собираат податоци и да прават снимки и фотографии за други планети и месечини.
Со оглед на тоа дека уште учиме за условите и состојбите на овие небесни тела, роботските истражувачи мора да бидат прилагодливи на непознати и „негостопримливи“ средини.
Тука стапува на сцена Shapeshifter, колектив од роботи слични на Трансформери кои може делуваат како една машина или да работат самостојно.
Концептот вклучува 12 роботи кои можат да летаат или да пливаат, да истражуваат пештери и океани и да се пикнат на места каде што ниту еден робот не успеал да се доближи и да изврши истражуваа.
Ги нарекуваат „коботи“ и секој од нив има интегриран пропелер.
Замислата на истражувачите е коботите да можат автоматски да се здружат, без команда од Земјата, и да формираат топка што ќе се тркала, да летаат самостојно или да формираат венец кога истражуваат пештера.
Надежите на НАСА се дека овој концепт би можел да изведува значајни вселенски истражувања во иднината.
Али Ага, главен истражувач во Jet Propulsion Laboratory, вели дека може да замисли како Shapeshifter ја истражува Титан, месечината на Сатурн која има течен метан на површината.
Дрон лендер наречен Dragonfly ќе полета за Титан во 2026 година за да ги продолжи набљудувањата на мисијата Cassini на НАСА што претходно ги истражуваше Сатурн и Титан. Cassini можеше да изведе само надлетувања на Титан.
Shapeshifter со неговите коботи би можел да ја истражува самата месечина, вклучувајќи потенцијални заледени вулкани или пештери што се кријат под густата атмосфера.