Новата генерација на iPhone која најверојатно ќе има и 5G поддршка ќе добие дизајн сличен на тој што веќе го познаваме, а се појави пред девет години.
Паметните телефони на Apple идната година би можеле да го имаат дизајнот со метална рамка и поостри рабови, односно сличен на моделот iPhone 4 од 2010. година. Тоа го тврди аналитичарот Минг-Чи Куо чии што информации поврзани со Apple често се покажуваат како точни.
За разлика од претходните дизајни, но и дизајните што следуваа од шестата генерација па до денес, iPhone имаше квадратест дизајн. Тој дизајн во тоа време се покажа како проблематичен поради блокирањето на антената, па често трпеше квалитетот на повикот ако телефонот не се држеше на одреден начин.
Со оглед на тоа што веќе со години нема такви проблеми, а се измени и технологијата, може да се каже дека Apple со сигурност нема повторно да ја направи истата грешка.
Моментално, телефоните на Apple не се разликуваат многу од iPhone X кога е во прашање дизајнот, а тој модел беше претставен во 2017. година.
Но, Apple неодамна употреби сличен „коцкест“ дизајн кај 2018 iPad Pro таблетот кој беше сличен на концептот на iPhone 4. Сепак, Куо смета дека новата генерација ќе го задржи благо закривеното стакло напред и позади, што не е случај со iPad Pro.
Куо исто така тврди дека iPhone телефоните идната година ќе поддржуваат 5G мрежа, но нема да имаат скенер за отпечатоци на прсти сместен под екранот.