Иако годинава донира над 35 милијарди долари во хуманитарни цели, Бил Гејтс од почетокот на 2019 заработил 16 милијарди, па сега вреди 106 милијарди долари.
„Се работи за едноставна стратегија на инвестирање – над 60 проценти од моето богатство го држам во акции“, рече основачот на „Мајкрософт“ во интервју за „Блумберг“.
Речиси 60 милијарди долари од богатството на Гејтс од понеделник се наоѓа во акции што ги поседува, па благодарение на тоа, објаснува советникот за инвестиции на Гејтс, тој успеал да ја изгради најголемата приватна фондација во светот, без да го намали своето богатство.
Сепак, ова може да се промени доколку во САД се воведат повисоки даноци, што во последните денови го најавуваат светските печатени медиуми на своите насловни страници.
„Се сомневам дека данокот за богатите ќе помине, но јас не сум против. Најблиску до тоа се даноците на недвижностите за кои силно се залагам да се вратат на 55 проценти, односно на нивото што беа пред неколку децении“, рече Гејтс.
Иако е втор најбогат човек во светот (зад сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос), Гејтс е познат како заговорник за повисок данок на приходите на најбогатите Американци и за поголема транспарентност.