Нов рендер кој се појави во целост го открива претстојниот Galaxy Note 8 за кој речиси и да нема веќе никакви мистерии.
Од приказот може да се види дека телефонот ќе има дизајн кој ќе биде многу сличен на оној на Galaxy S8 и S8+ со Infinity дисплеј со многу мала рамка, но со малку поостри линии од страните, кои се веројатно направени со цел да се ослободи повеќе простор во внатрешноста. Note серијата доаѓа и со S Pen пенкалце кое треба да се смести во телото.
Како што беше најавено, во задниот дел има двојна камера, за која сѐ уште нема точни информации какви перформанси и можности ќе има, но како и да е, добар знак е што и Samsung се одлучи за двојна камера во некој од своите смартфони. Интересно, до камерата е ставен читачот за отпечатоци на прсти, што е прилично лоша поставеност, а воедно е и знак дека тој нема да биде вграден во дисплејот како што претходно се очекуваше.
Според „ликстерот“ Роланд Квандт, Samsung Galaxy Note 8 ќе располага и со Deep Blue боја на маската покрај Black и
Orchid Grey. Барем, ова засега се речиси потврдени бои за маската на Samsung Galaxy Note 8.