Неколку дена пред официјалното лансирање на новите Huawei уреди, на интернет неовластено се појавија промотивните фотографии за целата линија Huawei Mate 30.

Фотографиите ги откри Еван Блас, кој е познат по тоа што често ги наоѓа и објавува изгледите на технолошки уреди пред официјалните промоции, а на нив може да видите како ќе изгледаат моделите Mate 30, Mate 30 Pro, Mate 30 Lite и Porsche Design изданието на моделот Mate 30 Pro.

Со најголемо нетрпение се очекува Mate 30 Pro. Судејќи според достапните фотографии, овој модел на кинескиот технолошки ќе има заоблен екран од левата и од десната страна. На задната страна има четири сензори поставени во кружен фотоапарат. Според гласините, има два сензори од 40 мегапиксело, еден од осум и еден т.н. ToF (time-of-flight) сензор. Се очекува моделот да има dual-SIM опција.

Регуларниот Mate 30 има помал дисплеј бидејќи овој уред има помал број сензори за препознавање лица. За овој модел најверојатно нема да има dual-SIM опција.

Се очекува и двата уреди – Mate 30 и Mate 30 Pro – да бидат опремени со новиот чипсет Kirin 990 што вклучува и 5G модем.

Од друга страна, Mate 30 Lite има сосема поинаков дизајн од овие два уреди. На предната страна Mate 30 Lite има отвор за предна камера, а назад камерите се распоредени на четвртаста основа. Сензорот за отпечаток од прст се наоѓа на задната страна. Блас вели дека овој мобилен наликува на Nova 5i Pro што беше претставен во јули, а исто така го користи моќниот чипсет Kirin 810.

За крај, Huawei ќе го претстави изданието Porsche Design за моделот Mate 30 Pro чие куќиште се очекува да биде обложено со кожа, а телефонот ќе биде достапен во црна и црвена боја.

Со оглед на тоа дека серијата Mate 30 нема дозвола за користење на апликациите и услугите на Google, првиот флегшип модел на Huawei што нема да биде поврзан со Google е обвиткан во мистерија.

Официјалното претставување на Huawei Mate 30 моделите ќе биде на 19 септември.

Извор: Klix.ba