Американската армија работи на т.н. биосензори, кои ќе можат да „почувствуваат”, на пример, стрес или паника кај војниците и кои ќе можат да се вградат во оружјето или пак во шлемот, заради подобро следење на мозочната активност.
До 2020 година, предвидено е прво морнаричката специјална единица „Фоки“ и ренџерите да бидат опремени со таква „технологија“.
– Сакаме (да создадеме) жива лабораторија во која ќе можеме постојано да ги „чувствуваме“ луѓето на подолг временски период, објаснуваат воените експерти.
Сето тоа ќе овозможи подобро да се дознаат индивидуалните психо-физички предности и слабости кај војниците, со што пак, командирите ќе знаат кој војник е најдобра опција за одредена мисија.