Два релативно големи астероиди ќе прелетаат покрај Земјaта на 14-ти септември, но не треба да бидеме загрижени поради тоа, затоа што сите пресметки на нивната траекторија исклучуваат било каква закана по нашата планета.
„Веќе подолго време ги следиме овие астероиди и ја знаеме траекторијата на нивното движење. Едниот го следиме од 2000-та година, а другиот од 2010-та година“, изјави Линдли Џонсон, извршен директор на Координациската канцеларија за планетарна одбрана при НАСА.
„Двата астероиди ќе поминат покрај нашата планета на 14 месечеви оддалечености од Земјата, односно на оддалеченост од 6,5 милиони километри. Помалите астероиди често поминуваат вака блиску до Земјата“, додаде Џонсон.
Астероидот 210 C01 спаѓа во објекти кои минуваат во близина на Земјата (Near-Earth Objects или NEO) и има големина од 120 и 260 метри. Се очекува да помине покрај нашата планета во 5:42 часот наутро. Другиот “NEO” објект е наречен 2000 QW7, голем е од 290 и 650 метри, а се очекува да помине покрај Земјата утре во 13:54.
За “NEO” објекти се сметаат сите астероиди или комети кои орбитираат околу Сонцето и притоа понекогаш минуваат низ нашето соседство, односно на помалку од 48 милиони километри оддалеченост од Земјата.
До почетокот на 2019-та година откриени се повеќе од 19 илјади “NEO” објекти, со тоа што секоја седмица во просек се откриваат уште по 30 такви вселенски тела.