Инвестиција во инвентивност и поттикнување на можности за нови вработувања е идејата што доведе до почеток на изградба на новиот административно – развоен логистички центар на Дуна. Една од најпознатите македонски компании којашто ја зграпчи можноста за уште поголем раст преку подобрување на условите за работа, како и поставување на цврста основа за иден стратешки развој и соработка со партнерите.
„Ја идентификувавме можноста за раст и развој на компанијата, која по веќе 25 години е меѓу најпрепознатливите македонски брендови. Израснавме, пред сѐ, како основачи на успешна приказна а сега се докажуваме и како сериозен инвеститор, кој верува во бизнис потенцијалот на Македонија. Свесни сме за економската состојба како и за влијанието на политичката неизвесност врз неа, но со сериозни развојни потези веруваме дека може да се промени таа слика. Ова е логичен следен чекор за развој на компанијата, привлекување на нови вработувања и тоа особено во таканаречениот сегмент Internet of thinks и се разбира креирање услови за подобра соработка со нашите партнери и клиенти. Нашиот бизнис сегмент ги надрасна границите на Македонија и успешно услужуваме клиенти и во Србија и во Албанија“, вели Александар Пајковски од Дуна.
Вкупната инвестиција на Дуна е предвидено да изнесува околу 1,2 милиони евра и опфаќа изградба на нов објект, како и обезбедување на потребната опрема и средства за работа. Новоизградениот Центар се очекува да почне со работа за десетина месеци.
Дуна почна со работа во 1994 година, односно, одлуката токму годинава да се вложи во новиот објект е поврзана со јубилејниот 25-ти роденден на Дуна, што е предвидено да се одбележи со повеќе настани и случувања.
Во своето професионално богато портфолио, брои многу успешно реализирани проекти и иновативни решенија. ДУНА, пред 22 години, ја инсталираше првата дигитална печатница во Државниот завод за статистика за печатење гласачки картички и избирачки списоци. Потоа, реализираше проект за обележување на животните со радиофреквентна идентификација, соработка со УНДП во Косово за компјутеризација на институции, сé уште активен е проектот за воведување фискална политика во Македонија и создавањето комплетно ново софтверско решение Ultima®ДУНА. ДУНА е горда и на поддршката на организаторот на најзначајниот настан во поновата историја на овие простори – SUPERCUP 2017.
Денес вработува околу 80 лица, а може да се пофали со многубројни награди и со две канцеларии во Србија и во Албанија.
Поврзани артикли