Наместо „бавните“ екрани од 120 и 144 Hz кои што доминираат на пазарот со гејмерски лаптопи, Asus отиде чекор понапред и на гејмерите ќе им понуди нешто брутално.
Сега Asus оди чекор понапред – пристигнува првиот гејминг лаптоп со екран кој ќе има брзина на освежување од дури 300 Hz и ќе нуди подобрување за 25% во однос на моменталните турнирски стандарди.
Asus Zephyrus S GX701 е првиот лаптоп кој ќе го користи екранот од најновата генерација, а ќе биде пуштен во продажба веќе следниот месец. Останатите лаптопи на Asus кои ќе ја поддржуваат оваа технологија на екранот ќе се појават идната година.
Asus исто така најави дека лаптопите Zephyrus S GX502, Zephyrus M GU502 и Strix G G531/G731 наскоро ќе бидат достапни и во новата „ледено сина“ боја.
Извор: Tportal.hr