Еден од глобалните лидери во производството на телевизори со OLED екрани со големи дијагонали, на IFA саемот во Берлин го изложи својот прв 8K OLED телевизор на светот.
Уредот со екран со дијагонала од 88 инчи, кој емитува слика со исклучителна острина и спектар на бои е главен експонат во делот на штандот на корејскиот производител посветен на телевизорите.
Меѓутоа, она што кај LG посетителите привлече уште повеќе внимание, е воедно и еден од (нај)импресивните моменти на најголемиот европски саем на технологија.
На влезот на својот штанд, LG на посетителите им прикажа спектакуларни водопади, и тоа во 4K резолуција.
И не само водопади. Посетителите, кои се затекнаа таму беа опкружени со ѕвездено небо, живописна природа, исончана шума, бранови на океанот, “летачки” свеќи…
За сето тоа да биде можно, и за да демонстрира до каде отишол во развојот на OLED екрани, LG креирал видео инсталација сочинета од 260 флексибилни 4K OLED екрани со дијагонала од 55 инчи, и ја нарече OLED водопад (OLED Waterfall).
Иако на штандот не беше соопштено колкава е вкупната површина на мега екранот, кој настанал со спојување на сите овие OLED дисплеи како еден, како ни колкава би била неговата цена, од LG истакнаа дека намената на оваа навистина импресивна презентација е да го привлече вниманието на посетителите.
А сите кои имаа прилика да ја видат, ќе се сложат дека LG во тоа и навистина успеа.