Повеќето родители сѐ почесто стравуваат кога нивните деца се сами надвор на улица. Денешново време не го чувствуваат безбедно и сигурно, и се под постојан страв нешто да не им се случи на децата. Тоа честопати е и причина да им се купуваат најразлични технолошки уреди, со цел да ги задржат дома што подолго. Не е важно колку време детето поминува на тој технолошки уред, важно е само да е дома. Колку е тоа добро во ситуација кога сите ние, денес како возрасни, времето сме го поминувале надвор, играјќи си со другите?
Какво модерно општество сме, ако не можеме да ја искористиме технологијата за добро? Токму детските смарт часовници внесуваат сигурност на овој план. Ни овозможуваат да ги следиме децата кога било, каде било, притоа давајќи ни ја нивната точна локација. Сега можеме, благодарение на технологијата и одличната мрежа на Македонски Телеком, во секое време да ги чуеме децата каде и да се, што ни овозможува да сме поповрзани и поблиски отколку во кое било време од нашата историја.
Со смарт часовниците TCL Family Watch и MyKi TOUCH ќе имате точен и детален увид во движењето и локацијата на вашите деца кога и да посакате. А од друга страна, децата можат да носат допадлив моден додаток, кој исто така е функционален. Тие имаат можност за двонасочни повици, текстуални и говорни пораки и голем капацитет на батерија, а во тарифата COOL KIDS се вклучени разговори и интернет за постојано да имате контакт со вашите најмили.
Поврзани артикли