Тројца студенти од индонезиски универзитет измислија уред за пронаоѓање жртви по природни катастрофи.
Станува збор за уред кој користи високофреквентни сигнали, со големина и дебелина на кредитна картичка.
Алатката „Деотерионс“ испушта сигнал поврзан со движење и лесно дишење што може да се открие до 10 километри.
– Примачот на сигналот може да се поврзе со мобилен телефон или лаптоп и да работи со апликација достапна на Ејпл и андроид системите, велат студентите.
Сатрио Вирадината Риади Боер (23), еден од студентите, рече дека пронајдокот бил инспириран од земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтер, што го погоди неговиот роден град Паданг на островот Суматра пред 10 години, во кој изгубил пријател и учител, а мајка му била повредена.
– Се може да се случи ако некој е под урнатини подолго време. Може жртвите да снемаат кислород или да им треба ампутација на рацете или нозете, рече Боер, потенцирајќи дека времето е најважно за наоѓање на луѓето кои се под урнатини по земјотрес.
Тројцата студенти добија патент за својот прототип кој чини седум долари, но велат дека сакаат да го усовршат уредот пред тој да стане достапен за јавноста.
Поврзани артикли