Списанието „Economist“ направи ранг листа на 60-те најбезбедни градови за 2019 година. Индексот „Безбедни градови“ се заснова на 57 индикатори, кои се поделени во четири категории, дигитална и лична безбедност, здравствена безбедност и безбедност на инфраструктура.
Лидери во овогодинешното рангирање се три азиски градови – Токио, Сингапур и Осака. Нагусто населената метропола на Земјата доби 92 од 100 поени. Сингапур се најде на второто место со 91,5 поени, а Осака заврши како трета со индекс од 90,9 поени.
Во ТОП 5 на оваа листа на најбезбедни светски градови се најдоа и Амстердам и Сиднеј. На крајот, пак, на оваа листа, како најнебезбедни градови се Јангон (Мјанмар), Каракас (Венецуела) и Лагос (Нигерија).