Компанијата Sony планира на саемот IFA во Берлин да претстави нов смартфон, а тоа е моделот Xperia 2.
Претставувањето ќе се одржи на 5. септември, а се појавија и првите фотографии. Се работи за наследник на флегшип смартфонот Xperia 1, кој е сличен на претходникот, но на прв поглед се гледа дека системот на камери е преместен на левата страна на задниот панел на уредот. Сензорот за отпечатоци од прсти е на десниот раб на смартфонот.
Детали за техничките спецификации засега нема, а само за потсетување, Xperia X1 имаше Snapdragon 855 Plus процесор.