Батериите се важна компонента на мобилните уреди, а научниците тестираат различни идеи за да создадат добра алтернатива на батериите со литиум-јон. Сепак, со доаѓањето на напредните технологии е потребно време за да се оптимизираат нивните способности и да се утврди дека тие се целосно безбедни.
Тим научници од Институтот IIT Madras од Индија успеаја да ја создадат првата батерија со железо-јон во светот, која нуди ефтина и стабилна алтернатива на литиумско-јонските батериите.
Податоците на EnegryTrend откриваат дека прототипот има анода која се состои од нискојаглероден челик наместо чисто железо. Паралелно, батеријата има катода на ванадиум пентоксид, користејќи железен хлорид како електролит.
Придобивките од овој пристап се различни, при што батериите на IIT Madras се поврзани со ниска цена на производство, висока стабилност, но исто така имаат и поголем капацитет од оние што се користат на мобилните уреди.