Lenovo ја освежи својата ThinkPad линија на лаптопи, со повеќе нови модели кои содржат десетта генерација Intel Core процесори (Comet Lake). Ова ги вклучува моделот Lenovo ThinkPad X1 Carbon 14 и ThinkPad X1 Yoga конвертибилниот модел. Двата лаптопи ќе бидат достапни од септември.
Покрај преминот во десеттата генерација Intel Core процесори, Lenovo го освежи и дизајнот на ThinkPad X1 Carbon моделот, кој сега е уште потенок и полесен. Лаптопот има дебелина од 14,9 милиметри и почетна тежина од 1,09 килограми. Notebook-от се карактеризира со тенки рабови околу екранот, што значи дека 14-инчниот IPS LCD дисплеј е со големина на 13,3-инчен лаптоп модел.
Lenovo ќе понуди опции до Intel Core i7-10710U шест-јадрен процесор, до 16 GB RAM и до 2TB PCIe SSD меморија за складирање. Исто така, има две порти Thunderbolt 3, две порти за USB 3.0 Type-A и приклучок за слушалки, HDMI 1.4 порт, батерија од 51Wh, HD веб-камера и IR камера за Windows Hello отклучување со цртите на лицето. Очекуваната цена на лаптопот е 1479 долари.
Новиот Lenovo ThinkPad X1 Yoga, прв пат претставен за време на CES во јануари, ќе биде првиот модел со алуминиумско тело. Овој модел има и дизајн од 14 инчи, но е малку потежок и подебел од моделот Carbon. X1 Yoga, од друга страна, има шарка од 360 степени што овозможува да се користи во режим на таблет, tent или stand mode. Уредот има и ThinkPad Pen Pro пенкало чувствително на притисок.
Lenovo ќе ја понуди четвртата генерација на ThinkPad X1 Yoga лаптопи со опции до Core i7-10710U процесор, до 16 GB RAM, до 2TB SSD и избор помеѓу 1080p, 1140p и 4K дисплеи. Лаптопот има ист избор на порти како X1 Carbon, а конвертибилниот модел доаѓа по почетна цена од 1609 долари.