Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, оваа година, по 26-ти пат, ќесе одржи во Порторож, Словенија, од 17 до 18 октомври 2019 година. Овогодишнотоиздание на фестивалот ќе биде во знакот на слоганот „Креативност за промени“ (“Creativity 4 Change”).
Креативците имаат само уште неколку денови, до 3 септември, за да го пријаватсвоето учество во натпреварувачкиот дел на фестивалот, кој е дел и од официјалниотWARC ранкинг. Младите креативци кои сакаат да партиципираат вонатпреварувањето Young Drummers, на тема „Словенија, земја на чисти и здравиводи“, своето учество може да го пријават до 10 септември.
Со мали промени во должината на програмата и со побрз и подинамичен формат, Golden Drum ја носи фестивалскатапрограма поблиску до оние кои времето го сметаат за редоккомодитет. Во само два дена, фестивалската сцена на Golden Drum ќе биде домаќин на околу 40 меѓународни говорниции предавачи кои ќе зборуваат за активностите коипоттикнуваат позитивни промени во различни области и ќего насочи вниманието кон адвертајзингот за подобро утре.
Главниот говорник на 26-то издание на Golden Drum ќе бидееден од најпубликуваните и најпопуларни филозофи нараниот 21 век, Славој Жижек, кој ќе биде придружен одизвонредна листа на говорници.
Учесниците ќе имаат можност да го слушнат Андреа Хенао, менаџинг-директор на 360 Agency Berlin и 360 Agency Europe, првата одржлива адвертајзинг агенција во светоткоја промовира исклучиво одржливи брендови; ДавидШчепанијак, извршен креативен директор и партнер воVMLY&R Poland; и Евелина Војтичка, која ќе ја презентиракреативната кампања “The Last Ever Issue” која ја освоинаградата Glass Lion на Cannes Lions.
Меѓу останатите извонредни агенциски професионалци ќесе најдат и: Андре Феликс, извршен креативен директор воWunderman Thompson од Лисабон, кој ќе зборува заиспреплетеноста на виртуелното и буквалното во мислите и секојдневните животи на луѓето и како тоа можеме да гоискористиме за да ги поврземе онлајн и офлајн световите и да создадеме понепосредно и поефикасно човечкокорисничко искуство; Луис Кастило, ко-основач и извршенкреативен директор во NeuroDigital Technologies од Шпанијакој со својата компанија ги лансираше производите Gloveoneи Avatar VR и ја предводи револуцијата во тактилнатавиртуелна реалност; Крешимир Мацан, комуникацискиконсултант и сопственик на агенцијата Manjgura, почитуванхрватски комуникациски и бизнис консултантспецијализиран во областа на кризниот менаџмент и стратешките комуникации во политиката и социјалнитемедиуми, кој ќе објасни зошто односите со јавноста се„кул“, каде е нивното место во дигиталната сегашност и иднина и зошто тие може да бидат повлијателни и покреативни од било кога; Шајлин Дар, генерален извршендиректор и Кирстен Џејмисон, директор за корисничкиоперации во Method Media Intelligence од САД ќе зборуваатза важноста за стандардизација и транспарентност воадвертајзингот и како да се реши проблемот со измамите воадвертајзингот.
Во однос на креативните брендови ќе зборуваат: ЕвгенијаЧернетскаја, генерален маркетинг директор на Microsoft заЦентрална и Источна Европа и Централна Азија, којапредводи тим од маркетери кои радикално ја менуваатмаркетиншката средина во ерата на дигиталнитетрансформации. Таа соработува со програмата за одржливразвој She Exports во Украина и го промовира женскотоводство во националниот економски развој, со поддршка наОбединетите Нации и Светската трговска организација; Жанет Лиендо, постар потпретседател за маркетинг и комуникации во Mastercard, која го води европскиот оддел заBrand, Consumer and Business to Business маркетинг наMastercard. Нејзината работа се фокусира на развојот наинтегрирани и искуствени маркетиншки решенија кои гопоттикнуваат бизнисот, ја зајакнуваат репутацијата и јаобликуваат индустријата кај сите различни публики.
За суштината на креативноста ќе зборуваат: Михал Маржак, режисер од Полска кој е наградуван на филмскиот фестивалSundance и има соработувано со брендови како Sprite, Ikea, Johnnie Walker и Coca-Cola и музичари како Том Јорк и бендот Radiohead. Заедно со Ана Рожалска, ко-основач и генерален извршен директор на агенцијата Match&Spark одПолска, тие ќе зборуваат за своите искуства во филмската, музичката и адвертајзинг индустријата, зачинето соанегдоти од работењето со големи имиња.
Научната гледна точка во однос на креативноста ќе ја дадепрофесорот Богдан Драгански од Универзитетската болницаво Лозана и директор на лабораторијата Neuroimaging Lab LREN при Универзитетот во Лозана. Во своето предавање, тој ќе се фокусира на постоечкото знаење кое се обидува даја објасни креативноста од невро-научна гледна точка.
Целосната листа на говорници на 26-то издание нафестивалот Golden Drum може да се погледне на следниотлинк.
Словенечкото туристичко биро и фестивалот Golden Drum ги покануваат сите млади креативци да се вклучат вотрадиционалниот натпревар Young Drummers, кој ќе гоизбере најдобриот постер на тема „Словенија, земја начисти и здрави води“. Авторот на најдобриот постер илисерија постери ќе добие награда од 3.000 евра. Креативцитена возраст под 30 години, од вкупно 57 земји, ќе можат да сепријават за натпреварувањето до 10 септември 2019 година.
Пријавените постери од младите креативци ќе бидатоценувани од страна на петчлено жири во состав: ДејвидРолф, претседател на жирито и извршен потпретседател и директор за интегрирана продукција во BBDO Њујорк одСАД, популарниот фотограф Boogie од Србија/САД, МартинЈажек, директор за податоци, стратегија и креатива во MSL Kindred од Чешка, Милка Поглиани, креативен консултант и советник, поранешен претседател на Европскиот креативенсовет – EMEA и актуелен претседател и извршен креативендиректор во McCann Worldgroup од Италија, и Ана Савшек, маркетинг менаџер при Словенечкото туристичко биро.
Повеќе за фестивалот Golden Drum на www.goldendrum.com
Распоред на настани на https://goldendrum.com/program/thursday
Прирачник за Golden Drum 2019 на https://goldendrum.com/wp-content/uploads/2019/06/26_Golden_Drum_EntryHandbook.pdf
Регистрирајте го вашето учество на https://engine.goldendrum.com/
Акредитации за медиуми на https://engine.goldendrum.com/accreditation
Прирачник за медиуми на https://goldendrum.com/inc/uploads/2019/06/26GD_MediaKit.pdf
Материјали за медиуми на https://goldendrum.com/press/media-materials