Apple и Samsung се соочуват со колективна тужба врз основа на тврдењата дека нивните телефони ги изложуваат корисниците на емисии од радиофреквенција за 500 отсто над федералните граници во период кога се вжештува здравствената дебата околу паметните телефони, пренесува РТ.
Поднесена по истрагата на „Чикаго трибјун“, во тужбата се тврди дека емисијата на радиофреквенција (РФ) кај голем број телефони на „Епл“ и „Самсунг“ далеку ги надминува федералните препораки. Ризиците од ваквите нивоа на зрачее вклучуваат зголемен ризик од карцином, мобилен стрес, генетски оштетувања, проблеми со учењето и памтењето, невролошки нарушувања и уште цел список други медицински проблеми.
Федералната комисија за комуникации (ФКК) ги тестира телефоните според специфичната стапка на апсорпција, измерена во вати енергија апсорбирана по килограм телесно ткиво. Ниту еден телефон што се продава во САД не смее да надмине 1,6 w / kg, додека европските регулатори дозволуваат 2w / kg.
Но здравствените активисти сметаат дека овие нивоа се застарени. Препораките на ФКЦ беа формулирани во 1997 година и во најголем дел се засноваа на тестовите извршени од американската војска на главата на војник тежок 100 килограми.
Децата можат да апсорбираат повеќе од 150 отсто повеќе телефонско зрачење отколку возрасните и до 10 пати повеќе радијација преку черепите. Бидејќи децата веројатно користат модерни паметни телефони како и воените лица, некои истражувачи велат дека упатствата на ФКК се несоодветни.
Ниту една голема јавна здравствена организација досега не успеа да ја поврзе употребата на мобилни телефони со ракот или со други сериозни заболувања. Сепак, голем број студии посочуваат дека дури и на нивоа далеку под оние што се утврдени од ФКК можни се значителни здравствени ефекти.
Утврдено е дека зрачењето 2.000 пати пониско од лимитот од 1,6 ја ослабува ДНК кај лабораториските стаорци и го намалува бројот на сперматозоиди, дозата за четири пати помала ја зголемува веројатноста од појава на малигни тумори, а изложеноста на зрачење под половина од лимитот ги менува циклусите на спиење кај корисниците.
Ниту еден од тужителите не тврди дека претрпел некаква болест или здравствени проблеми. Тие ги тужат „Епл“ и „Самсунг“ – двајца од трите најголеми светски производители на паметни телефони – за погрешно наведување на купување потенцијално опасни уреди.
Поврзани артикли