Претстојниот нов модел на iPhone можеби ќе пристигне со една изненадувачка функција. Според аналитичарите на компанијата Citi Research, следниот iPhone 11 ќе има поддршка за Apple Pencil.
Уште од објавувањето на оригиналниот Apple Pencil, паметното пенкало работеше само со iPad уредите. Ако предвидувањата на аналитичарите се остварат, овој потег би можел да означи промена во Apple филозофијата.
Покрај поддршката за Stylus, Citi Research споменува и многу работи за кои веќе сме слушнале за iPhone 11 семејството. Се очекуваат слични екрани како кај iPhone XS, XS Max и XR моделите, поголеми батерии и три камери на задната страна на двата поскапи модели. Предната камера би можела да има 10MP сензор, додека оние на задната страна би можеле да бидат од 14MP.
Citi предвидува и дека Apple оваа година нема да ја промени ценовната структура, па наследникот на iPhone XS ќе чини 999 долари, наследникот на iPhone XS Max на ќе чини 1099 долари и повеќе, додека замената за XR ќе има почетна цена од 749 долари.
Извор: Benchmark.rs