Презентацијата на Apple, која е закажана за 10. септември се приближува, а гласините за следната генерација на iPhone ни даваат се појасна слика за она што не очекува. Новиот извештај на Bloomberg ги потврдува претхдоните гласини за тоа дека Apple ќе претстави Pro варијанта на телефонот.
Главната новина кај новите Pro модели е системот со три камери, кој ќе може да комбинира снимки од сите три сензори, за да се креираат фотографии со повисока резолуција, како и фотографии со подобар квалитет во услови на послабо осветлување.
Покрај наведеното, корисниците ќе имаат нови опции за обработка на содржините, со фрејмување, кропување и можности за обработка на видеата директно во Photos апликацијата. Face ID ќе доживее голема измена кај новите iPhone модели, со сензори за повеќе агли, кои ќе овозможат телефонот да се отклучува дури и кога е поставен на масата.
Уредот ќе го покренува новиот A13 чипсет, кој има и нов копроцесор развиен за AR апликациите.