Motorola минатата година претстави семејство евтини смартфони под името One, а сега се појави новиот модел Motorola One Action.
One Action се издвојува од останатите браќа по тоа што нуди квалитет на видеото, каков што имаат акциските камери како што е GoPro.
Зборот Action во името на смартфонот се однесува на третата задна камера, а тоа е ултрашироката камера која снима видео под агол од 117 степени, баш како и GoPro. Motorla направи неколку работи за видеото кој го снима Action да се разликува од видеото снимен со другите смартфони, почнувајќи од самите леќи.
Постои суперширок мод на снимање, но Motola и физички го ротирала сензорот, што значи дека One Action ќе снима видео хоризонтално, иако смартфонот го држите вертикално и обратно. Тоа е мала промена, но сепак е паметно решение, кое ќе им овозможи на корисниците максимално да го искористат уникатниот хардвер. Motorola пробува со помош на софтверски алгоритми да понуди “подобрена видео стабилизација”, со цел сликата да не се тресе додека снимате.
Што се однесува до останатите спецификации, One Action има 6,3-инчен FHD+ екран со кружен засек за селфи камерата од 12 (широка), 16 (ултраширока) и 5 (сензор за длабочина) мегапиксели. Уредот го користи Exynos 9609 процесорот на Samsung, има 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија, USB-C порт и влез за слушалки, а го напојува батерија од 3.500 mAh. One Action ќе го користи оперативниот систем Android One.