Израелската компанија Corephotonics поднесе тужба против Apple пред американскиот суд, за кражба на својата патентирана технологија.
Истата компанија ја тужеше Apple и пред две години, тврдејќи дека компанијата неовластено ја искористила патентираната технологија за двојни камери и опциите за зумирање на уредите iPhone 7 Plus и iPhone 8.
Сега, Corephotonics тврди дека секој модел по iPhone 7 ја користел нивната технологија без дозвола.
Во новата тужба, како и во старата, Corephotonics наведува дека со претставниците на компанијата Apple е преговарано за лиценцирана употреба на технологија со двојни камери уште пред неколку години, но дека Apple тогаш ја „украл“ таа технологија и ја претставил како своја.
Во прашање се патенти поднесени до американските власти помеѓу ноември 2013 и јуни 2016 година, вкупно десет, кои вклучуваат технологија на оптичко зумирање, мини телеобјектив и софтвер кој комбинира фотографии направени со помош на две камери на задниот дел на уредот.
Corephotonics наведува дека доказите за неовластено користење на своите патенти ги добил со „едноставно отворање на iPhone 7 Plus уредот“ – сите се наоѓале внатре во тој смартфон.
Apple сè уште не одговори на новата тужба.