Милано ја забрани работата на компаниите што изнајмуваат електрични тротинети сè додека не се утврдат јасни правила за користење на тоа превозно средство, јавуваат италијанските медиуми.
Одредбата од 4 јуни предвидува дека електричните тротинети може да се возат во Италија само во пешачки зони, на пешачки и велосипедски патеки и во области каде што брзината е ограничена на 30 км на час.
Од локалните власти се бара да ги објават сообраќајните правила за електрични тротинети на истакнати места, пренесува Хина.
На крајот на јули, на електричните тротинети им е дозволена брзина од 6 км на час на пешачките зони во Милано и им е забрането да се движат на тротоарот, за што е предвидена казна од 26 евра.