Се појавија нови информации кои укажуваат на тоа дека Samsung сака батериите на телефоните да ги третира посериозно од било кој друг производител на пазарот. Гласините сугерираат дека јужнокорејската компанија работи на батерија од 6000 mAh, која е дизајнирана за претстојниот телефон.
За жал, ова се сите конкретни информации кои засега се познати за оваа батерија. Некои сугерираат дека батеријата би можела да биде наменета за Samsung M20s моделот, евтин уред кој им е наменет на помладите корисници.
Додека не се појават дополнителни информации, или додека Samsung самиот нешто не потврди, за сега се во прашање само нагаѓања. Според изгледот, батеријата не делува поинаку од стандардните модел, освен дополнителната дебелина. Дали огромните батерии ќе бидат тренд во 2020. година, останува да се види.
j