Дојавувачот CoinX (@coiiiiiiiin) дојде до информација дека Apple би можел да ја користи Pro ознаката во еден од своите годинашни iPhone модели. Сепак, овие информации треба да се земат со резерва од неколку причини.
Најпрвин, Apple е традиционално многу таинствен кога се во прашање идните објави на компанијата. Исто така, оригиналниот извор, односно дојавувачот CoinX на Twitter има релативно краток историјат на објавување на информациите. Сепак, истиот извор минатата година укажа на iPhone XS/XR имињата, како и постоењето на 10,5-инчниот iPad Air.
Оваа година се очекуваат три модели на iPhone, кои ќе бидат наследници на минатогодишните iPhone XS, XS Max и XR модели. Тоа значи дека Apple би можел да се одлучи за имињата iPhone Pro (5.8-инчи) и iPhone Pro (6.5-инчи) за наследници на XS и XS Max. Кога е во прашање iPhone XR моделот, тој би можел да се појави како стандарден iPhone (2019).