Google Maps е најпосакуваната апликација за навигација, која отсекогаш уживала поголема популарност од конкурентскиот производ на Apple. Се разбира, тоа не значи дека компанијата се помирила со оваа ситуација.
Според податоците објавени од Cult of Mac, компанијата веќе експериментира со интеграцијата на зголемена реалност во Apple Maps. Секако, ова е функционалност што може да им понуди на корисниците уште подобри опции за навигација.
Неодамна се појавија информации дека дека Епл веќе регистрирал патент на свое име, кој се нарекува „Навигација со употреба на зголемена реалност“. Како што сугерира името, тој опишува метод за навигација што користи AR ефекти.
Технологијата ќе репродуцира предмети во реално време со зголемена реалност пред очите на корисникот за да му помогне да донесе правилна одлука на патот. На овој начин, Apple Maps ќе покаже важни дополнителни информации за возачите, што ќе го олесни нивното патување.