Acer ги објави новите Nitro XF2 Series монитори, кои им нудат на играчите екстремно флуидна игра благодарение на големата брзина. За да се намали заматеноста на сликите кои брзо се движат, мониторите нудат одзив од 3ms, како и брзини до 0,2ms G2G за Nitro XF272 X и 0,3ms G2G за Nitro XF252Q во overdrive режим.
Мониторот има освежување од 240Hz што го намалува времето за рендерирање на фрејмови, како и AMD Radeon FreeSync, кој ги синхронизира фрејмовите на мониторот и графичките картички. Нитро XF2 серијата има исклучителен одзив, како и осветлување од 400 nit cd/м2 и 100 милиони: 1 контраст.
Резолуцијата од 1920 x 1080p нуди одлични визуелни детали, додека вграденото black boost нуди 11 нивоа на црнo, така што играчите можат да го оптимизираат визуелниот за да одговараат на содржината што се прикажува. Овие режими вклучуваат Action, Racing, Sport, User, Standard, ECO, Graphic и Movie.
Мониторите на Acer Nitro XF2 Series доаѓаат со два вградени звучници. Nitro XF252Q е достапен за почетна цена од 350 долари, додека Nitro XF272 X ќе биде достапен подоцна во месецот по цена од 450 долари.