Антивирусот Windows Defender на Microsoft моментно штити повеќе од половина од уредите со Windows, велат официјалните претставници на компанијата.
Со други зборови, од сите Windows уреди каде Windows Defender доаѓа прединсталиран, 50% од нив одлучуваат да го користат антивирусот на Microsoft, додека останатите го исклучуваат и користат друга заштита.
Ова е секако големо достигнување за Microsoft, бидејќи во последните десет години стана неопходно да се инсталира надворешен безбедносен софтвер, заради безбедносните ризици на кои се изложени уредите со Windows.
Исто така, во последно време Windows Defender остварува голем напредок, така што и не е изненадување што заштитува над половина од Windows уредите. Според најновите антивирусни тестови спроведени од AV-TEST, Windows Defender е еден од водечките безбедносни производи на пазарот, со перформанси споредливи со оние што ги нудат Kaspersky или Symantec.
Microsoft исто така неодамна ја објави својата прва верзија на Microsoft Defender, која е ребрендирана верзија на Windows Defender наменета за Mac уреди.