Првиот паметен телефон со реверзибилно безжично полнење беше Huawei Mate 20 Pro од минатата година, што им овозможи на корисниците со нивниот смартфон да наполнат втор уред кој поддржува безжично полнење. Samsung ја понуди оваа можност во својата нова серија Galaxy S10, а сега се очекува и Xiaomi да објави ваков смартфон.
Референци за реверзибилно безжично полнење се откриени во MIUI корисничкиот интерфејс што сугерира дека Xiaomi планира да ја имплементира новата функција во претстојниот паметен телефон.
Реверзибилното безжично полнење, наводно, ќе биде оневозможено, освен ако полнењето не започне во рок од 90 секунди, а слично решение имаат и ривалите со цел автоматско оневозможување на реверзибилно полнење за да се заштеди на батеријата.
Смартфонот Mi Mix 4 е веројатно кандидат за реверзибилно безжично полнење, бидејќи Mi Mix е обично flagship на Xiaomi за втората половина од годината.
Покрај полнење на друг паметен телефон, оваа технологија овозможува и полнење на други компатибилни уреди како што се слушалки и смарт часовници. Сепак, Mate 20 Pro е бавен при полнење на други уреди, но има надеж дека ќе биде поинаку кога станува збор за Xiaomi.