Археолозите го истражуваат малиот остров во Егејското море каде, како што сметаат, се наоѓа една од најстарите градби од античкиот свет.
Островот Керос бил една од најимпресивните локации на Егејското море во периодот од 3000-та до 2000-та година пред новата ера во рамките на грчката цивилизација.
Тука се наоѓа структурата во облик на пирамида, а изградена е од мермер донесен од островите во близина со древни бродови. Стара е околу 4.500 години.
“Тоа била најголема праисториска транспортна операција. Покажува колку за народот во бронзеното доба била важна поморската врска”, рекла научничката Џулиен Вајтврајт.
Голем дел од товарот со мермер доаѓал од островот Наксос, а според некои проценки, се смета дека за тоа биле потребни околу 3.500 пловидби за 24 морнари кои постојано би веслале на отворено море во околу 5 часот.
Грците изградиле голема структура, користејќи 10.000 тони мермер, комплетно менувајќи го обликот на Керос, остров денес познат како Даскалио.
Праисторските градежници на Даскалио кренале масивни ѕидови со површина од 1,3 хектари, па целиот остров изгледал како скалеста мермерна пирамида.
Ширум островот се пронајдени и ножеви, разни алатки и скулптури.
Наодите укажуваат и дека Керос бил најстариот регионален верски центар на Егејот, претходник на Дилос, кој важел за родно место на Аполон.
Пирамидата од Даскалио е со речиси иста возраст како и британски Стоунхенџ или првите египетски пирамиди.
Очигледно е дека пирамидите биле својствени за многу народи ширум светот, бидејќи се познати и оние во Јужна Америка.
Извор: Kurir.rs