Компанијата G.Skill ги објави високо оптимизираните Trident Z Neo серија DDR4-3800MHz CL14 RGB мемориски китови, со екстремно мала латентност во капацитетите од 16 GB (8GB x2) и 32 GB (8GB x4). Меморијата е наменета за процесорот AMD Ryzen 3000 и платформата X570.
Меморијата е креирана со моќни компоненти на Samsung B-die, а се работи за мемориски комплет DDR4 кој би ги придвижувал границите на проток на меморија на платформата AMD Ryzen 3000. Тимот на G.Skill R&D работеше да ги подигне границите на перформансите на меморијата уште повеќе и разви мемориски комплети со високи перформанси и со ниска латенција, со DDR4-3800 CL14-16-16-36.
Со AMD Ryzen 9 3900X процесор и MSI MEG X570 GODLIKE матична плоча, меморијата достигна проток од 58GB/s, 56GB/s и 58GB/s за читање, пишување и копирање на податоци.
Како и со сите други G.Skill мемориски комплети, спецификациите остануваат стабилни под мемориските стрес тестови.