Apple iPhone 11 (или iPhone XI, или кое име и да го избере компанијата) ќе дојде со една изненадувачка функција. Според аналитичарите на Citi Research, следниот iPhone ќе има поддршка за Apple Pencil.
Уште од објавувањето на оригиналниот Apple Pencil, паметното пенкало работеше само со iPad уредите. Доколку предвидувањата на аналитичарите се остварат, овој потег би можел да означи промена во филозофијата на Apple.
Покрај поддршката за stylus, Citi Research споменува и многу работи што веќе сме ги чуле за линијата iPhone 11. Се очекува дисплеите да бидат слични со моделите iPhone XS, XS Max и XR, поголеми батерии и три камери на задната страна на двата поскапи модели. Предната камера може да има сензор од 10MP, додека оние на задната страна може да бидат од 14MP.
Citi исто така предвидува дека Apple годинава нема да ја промени својата ценовна структура, така што наследникот на iPhone XS ќе чини 999 долари, наследникот на iPhone XS Max ќе чини 1099 долари и повеќе, додека замената за XR ќе има почетна цена од 749 долари.