AMD е во завршна фаза на подготвување на вториот бран најави за третата генерација на процесор на семејството Ryzen, во кој ќе бидат опфатени и новите Ryzen 5 3500. Исто така, овде ќе се појават варијантите „Pro“ на веќе објавените SKU, како што се 3600X, 3700X и 3900X. Овие процесори беа забележани во регистарот за увоз на Евроазиската економска унија.
Најинтересен детал од оваа листа е дека Ryzen 5 3500 ќе биде шест-јадрен процесор со 65W TDP. Во претходните две генерации на Ryzen процесори, AMD има конфигурирано процесори од серијата x500 (како што се 2500X и 1500X) со четири јадра и осум треда. Веројатно е дека Ryzen 5 3500 ќе биде малку послаб модел од Ryzen 5 3600 и ќе доаѓа со пониска цена.
Ова исто така укажува на можноста дека процесорите Ryzen 3 „Matisse“ ќе доаѓаат со четири јадра и осум треда.