Програмерите од XDA тимот го објавија првиот јавно достапен Android firmware за Nintendo Switch, кој претставува варијанта на Android 8.1 заснованиот LineageOS 15.1 за компатибилните модели. Софтверот и натаму е полн со грешки, вклучувајќи и проблеми со траење на батеријата, авто-ротација и осетлив тачскрин инпут, но основната функционалност е присутна.
Крајниот резултат овозможува мал Android таблет со прикачени контролери, преку кои е можно да се пребарува интернет, да се играат 3D игри, како што би се правело тоа на друг мобилен уред. Дури е заснован и на Android стабло кое е поврзано со NVIDIA Shield TV, така што е можно да се покренуваат и ексклузивни наслови за Tegra платформата, како што се Borderlands и Half-Life 2.
Секако, оваа опција нема да им биде достапна на обичните корисници. Доколку се појават некои проблеми, не може да се очекува поддршка од Nintendo. Исто така, ќе биде потребен Switch кој е можно да се хакира, а поновите верзии на конзолата не ја ни поддржуваат оваа опција.
Од друга страна, се работи за големо достигнување врз основа на модирање на конзолата. Иако во еден момент беше можно да се инсталира Linux на PlayStation 3, ова е сепак поинаква ситуација. Тука е можно да се инсталира мобилен оперативен систем кој е лесен за користаење, со богатиот избор на апликации и игри.
.