Американската вселенска агенција NASA го сними слетувањето на Месечината во текот на мисијата Apollo 11, а овие снимки се продадени на аукција за 1,8 милиони долари.
Историската мисија е извршена на 20. јули, 1969. година, кога Баз Алдрин и Нил Армстронг излегле од лунарниот модул на површината на Месечината, а се било снимено со специјално дизајнирана камера за оваа цел. Камерата била поставена над капакот, така што Алдрин можел да ја вклучи и да воспостави конекција, пред Армстронг да се симне низ скалилата.
#AuctionUpdate Unrestored, unenhanced, and unremastered, the videotapes represent the earliest, sharpest, and most accurate surviving video images of man’s first steps on the moon #Apollo50th pic.twitter.com/f2ulCpIHqz
— Sotheby's (@Sothebys) July 20, 2019
Камерата подоцна е одвоена и поставена на трипод за да ги сними останатите активности на површината на Месечината. Се што снимала камерата испратени е со помош на антената во опсерваториумот Паркес во Австралија. Потоа е се снимено на голема видеолента, а потоа емитувано во Хјустон, каде е снимено на 2-инчата Quadruplex видеолента на Ampex VR-660B. Потоа е подготвен адекватен формат за ТВ и снимките се испратени низ светот.
Аукциската куќа Sotheby’s прогнозираше дека снимките ќе достигнат цена од 500.000 долари, но се продадени за многу повеќе, односно за 1,8 милиони долари.