Со оглед дека популацијата на пчели на глобално ниво драматично опаѓа, една покраина во Холандија превзема сериозни чекори за обезбедување нови екосистеми за овие инсекти. Претворајќи над 300 автобуски постојки во зелени оази, Утрехт воведува нови решенија со цел урамнотежување на животната средина со урбаните области.
Четвртиот по големина град во Холандија опреми 316 постојки со зелени покриви, ЛЕД осветлување и клупи од бамбус. Но, важно е да се истакне дека овие зелени покриви не само што придонесуваат за биодиверзитетот со создавање на нови уточишта за пчелите, туку помагаат и во собирање на прашината, дождовницата и ладењето во текот на летото.
Градските власти нудат и субвенции за граѓаните кои ќе постават зелен покрив. Условот е тој да има површина поголема од 20 метри квадратни.