По неколку ужасни месеци, компанијата Huawei призна дека нејзиниот сопствен оперативен систем Hongmeng, сепак, не може да биде замена за Android на Google.
Од Huawei на новинарите во Брисел им е кажано дека Hongmeng не е дизајниран за “паметните” телефони и дека компанијата планира да продолжи да го користи Android.
Нешто порано, претседателот на Huawei, Лианг Ху изјави дека компанијата се уште не одлучила дали Hongmeng OS може да биде развиен како оперативен систем за смартфони во иднина. Тој истакна дека системот е наменет за “индустриска употреба”.
Тоа е значајна промена во однос на претходните пораки од Huawei, кои говореа дека компанијата е подготвена за преоѓање на сопствен OS. Во јуни е соопштено дека Huawei е во процес на лансирање на замена за Android, која ќе биде подготвена за неколку месеци”. Наведено е дека “Huawei тоа не го сака, бидејќи е задоволен како член на Android семејството”, но дека “Hongmeng се тестира воглавно во Кина”. Исто така, претходно оваа година од компанијата беше порачано дека Huawei ќе биде подготвен да ги користи своите алтернативи.