HTC подготвува нови паметни телефони, а руската веб-страница Rozetked објави рендери од уред, кои навестуваат оживување на брендот Wildfire.
Линијата Wildfire не е присутна веќе осум години, а последниот уред беше HTC Wildfire S од 2011. година. Истата година HTC заземаше 10,7 проценти од глобалниот пазар на смартфони, а денес тој процент изнесува само 0,05 отсто.
Освен значително подобрите спецификации во однос на Wildfire S стар осум години, кој имаше 3,2-инчен екран и 512 MB RAM, за новиот уред нема многу информации. Познато е дека на пазарот ќе се најдат четири модели, а тоа се Wildfire, Wildfire E, Wildfire E Plus и Wildfire E1. Два модела ќе имаат засек во екранот во облик на капка, три ќе имаат две задни камери, а сите три ќе добијат дисплеи со ниска резолуција 720p и средни спецификации.
Засега ништо не е официјално, но Rozetked се докажа како доверлив извор на информации за претстојните уреди. Деталите за Pixel 3 XL и Pixel 3A беа објавени неколку месеци пред да ги претстави Google.
Цените на претстојните уреди на HTC засега не се познати.
Покрај тоа, GSMArena наведува дека HTC ги регистрирал имињата Wildfire E2, E2 Plus, Wildfire E3 и E3 Plus и Wildfire R и R Plus, така што можат да се очекуваат уште смартфони од оваа компанија.