Јапонија има голем план до 2030. година уште еднаш човекот да го испрати на Месечината, во рамките на мултинационална мисија, и веќе се работи на превозно средатво, кое ќе им биде неопходно за возење по површината на Земјиниот сателит.
Токму поради тоа, јапонската вселенска агенција JAXA се здружи со компанијата Toyota, која работи на ровер што би требало да биде готов до 2029. година. Роверот на шест тркала ќе може да превезува два патника и да помине далечина до речиси 10.000 километри, а со помош на соларните плочи и ќелии со гориво. Роверот е долг 33 метри, широк 27 метри и висок речиси 20 метри, и пружа околу 13 квадратни метри населив простор. На астронаутите нема да им бидат потребни заштитни одела кога се во роверот, благодарение на регулацијата на притисокот со помош на кој во внатрешноста на возилото се создаваат поволни услови за живот.
Се очекива дека роверот ќе биде подготвен за пат на Месечината во 2030. година, а во теорија до одредиштето ви требало да стигне пред човечкиот екипаж, и таму да ги дочека без проблеми, бидејќи се работи за автономно возило. JAXA сака роверот да го искористи за истражување на месечевите полови во потрага по смрзната вода, а технологијата која ќе настанува во тој процес, во иднина би можеча да се користи и за истражување на други планети.