Една од предностите на механилчките тасттаури е издржливоста, а типичните свичеви за механичките тастатури се способни да траат и преку милион притисоци. Меѓутоа, технологијата која стои зад овие свичеви не се менувала премногу со текот на годините, а Input Club сака тоа да го промени.
Компанијата неодамна го најави Keystone, нов вид на механички тастатури, кои би можеле да внесат револуција во индустријата. Причината за ова е тоа што Keystone користи Hall Effect свичеви, кои се потпираат на магнетот во внатрешноста на свичот. Во споредба со ова, стандардните свичеви се потпираат на контакти со свитканиот метал.
Со Hall Effect свичевите, идејата се заснова на тоа дека во зависност од тоа колку силно се притиска копчето – инпутот-внесот е поинаков. Засега, проектото делува како интересна идеја, но останува да се види како ќе биде применет во вистинската работа.
Keystone е планиран за објава во текот на 2020. година и моментно е на Kickstarter, каде што собира средства за производство.