Honor на 23. јули ќе ги претстави 9X и 9X Pro телефоните, а сега се појавија наводните официјални рендери на двата модела.
Двата смартфона имаат edge-to-edge екрани, а од горната страна нема место за селфи камерата, што значи дека е сместена во pop-up механизам. Исто така, на двата уреда се очекува изработка од стакло со метална рамка.
Кога се разликите во прашање, забележливо е дека 9X Pro на задната страна има три камери, додека 9X има две камери. Pro моделот ќе има 48MP + 8MP + 2MP сензори, додека стандардната верзија пристигнува со 48MP + 2MP камери на задната страна.
Покрај ова, се очекува дека 9X Pro ќе има 6.59-инчен Full HD+ дисплеј, додека 9X ќе има ектран со нешто помала големина. Двата телефона ќе имаат 3900mAh батерии, а ќе ги покренува HiSilicon Kirin 810 чипсет.
Според извештаите, 9X ќе пристигне во комбинација со 6GB RAM и 128GB простор за складирање, додека 9X Pro ќе има 8GB + 256GB конфигурација.