Компанијата Nintendo планира дел од производството на својата играчка конзола Switch ова лето да ја пресели од Кина во Виетнам, за да ги деверзифицира производните локации, изјави портпаролката на јапонскиот производител на видео игри.
Речиси целокупното производство на Nintendo Switch конзолите сега е лоцирана во Кина.
Целта на промената, според зборовите на портпаролката е диверзификација на ризикот, а не избегнување на последиците на потенцијалното зголемување на американските тарифи на производите увезени во САД од Кина, пренесува агенцијата Ројтерс.
Со овој потег, Nintendo ќе стане последна во низата компании кои го преселија производството од Кина, среде кинеско-американската војна пропратена со взаемните увозни тарифи на бројните индустриски производи.
Британската агенција наведува дека и другите јапонски компании сакаат да го префрлат производството од Кина, како што се производителот на електроника Sharp и производителот на фотокопир уреди Ricoh.