Добри вести за сите сопственици на Android смартфони.
Доколку имате Windows PC компјутер и Андроид телефон, вашиот живот наскоро ќе стане многу полесен кога станува збор за следење на нотификациите.
Тоа ќе биде така бидејќи наскоро вашиот компјутер ќе ги “пресликува“ нотификациите од вашиот телефон што значи дека нема да мора цело време да го земате во рака телефонот за да проверувате дали во меѓувреме нешто ви стигнало.
Оваа функција е дел од постоечката „Your Phone“ апликација која постои за да го префрли искуството на користење на Андроид телефонот на Windows 10.
Ова не е првпат да се споменува оваа можност, а за првпат Microsoft ја претстави пред речиси една година.
Покрај прикажувањето на апликацијата наскоро ќе можете да правите интеракција со својот телефон директно од вашиот компјутер.
Сè што е потребно да направите за своите нотификации од вашиот Андроид телефон да може да ги гледате на Windows 10 е да ја ажурирате својата „Your Phone“ апаликација, но под еден услов – вашиот телефон и компјутер да бидат синхронизирани.
Апликацијата моментално не дозволува да правите било каква интеракција со нотификациите освен да ги гледате затоа што таа можност наскоро ќе биде претставена.
Извор: Telegraf.rs