Откако Lenovo ја претстави специјалната верзија на Moto G5 Plus на почетокот на годината, дури сега популарниот твитерџија Evan Blass (@evleaks) сподели слика од изгледот на најавениот Moto G5S Plus.
Додаден е дуален систем со две 13 мегапикселни камери, една во боја, а друга црно-бела. Додека оригиналниот доаѓа со 5 мегапиксели, предната камера на оваа верзија е подобрена на 8 мегапиксели и 5.5 инчен екран. Како мало потсетување, Moto G5 Plus има пластично тело, 5.2 инчен дисплеј и единечна камера од 12 мегапиксели.
Според Blass, дуалниот систем камери доаѓа со bokeh ефект, можност за промени на позадината и црно-бели филтери. Дисплејот доаѓа со резолуција од 1080 x 1920 пиксели. Под хаубата се наоѓа Qualcomm Snapdragon 625, 4GB RAM и 64GB меморија.
Се уште не се знае кога точно, но уредот ќе биде најавен наскоро. На настанот на 25 јули, Moto ќе ги претстави Moto Z2 Force и Moto X4, па можеби и Moto G5S Plus.